Кулушевски пресреќен по враќањето по 526 дена голгота

Дејан Кулушевски вели дека се чувствува како „друг човек“ по враќањето во тимот на Тотенхем по долгата пауза поради повреда. Фудбалерот со македонско потекло во понеделникот ги одигра првите минути по 526 дена отсуство во победата против Ковентри.
Крилниот напаѓач, кој за себе вели дека станал „попаметен“ и „поинаков човек“, влезе во игра во 86. минута. Тоа беше негов прв настап од 11 мај 2025 година, кога заработи тешка повреда на коленото. Неговото враќање се случи на натпревар во кој Тотенхем ја оствари првата победа во новата сезона од Премиер лигата, совладувајќи го Ковентри Сити со 3-1.
Кулушевски истакна дека времето поминато надвор од терените му го променило погледот кон фудбалот, но и кон сопствениот идентитет како професионален спортист.
„Многу сум благодарен што морав да поминам низ ова. Сега сум подготвен за фудбал. Се гледам себеси поинаку. Мислам дека сум друг човек. Сè уште сум истото момче што сака да игра фудбал, но сум малку попаметен, па затоа сум среќен“, изјави Кулушевски за „Скај Спортс“.
Поранешниот фудбалер на Јувентус се осврна на психичкиот и физичкиот напор во текот на рехабилитацијата и го нагласи личниот раст што го доживеал во тој период. Рече дека е горд на издржливоста што ја покажал за време на долгото отсуство од теренот. Швеѓанецот смирено зборуваше за изминатите 17 месеци закрепнување.