Кристијано Роналдо прв фудбалер мултимилијардер

Кристијано Роналдо постави нов историски рекорд и стана првиот фудбалер во историјата чии вкупни приходи во кариерата надминале две милијарди долари, објави „Форбс“.
Португалецот, кој има 41 година, и во изминатата година бил најплатениот фудбалер во светот, со проценета заработка од околу 300 милиони долари. Најголемиот дел од сумата доаѓа од неговиот договор со саудискиот Ал-Наср, кој му носи приближно 250 милиони долари, додека дополнителни 50 милиони заработува преку спонзорства, реклами и сопствени деловни активности.
Роналдо уште во 2020 година стана првиот фудбалер со заработка од една милијарда долари во кариерата, а шест години подоцна ја помина и границата од две милијарди.