Проблеми за Артета, Сака во аут осум недели

Арсенал се соочи со сериозен удар откако беше потврдено дека Букајо Сака ќе биде надвор од терените околу осум недели поради повредата здобиена на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Крилниот напаѓач го напушти теренот уште во 10. минута од натпреварот во Минхен, кој заврши 2:2. Првичните процени не беа оптимистички, а дополнителните лекарски прегледи донесоа лоши вести за Микел Артета.

Поради повредата, Сака ќе пропушти серија важни натпревари, меѓу кои дуелите со Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Борнмут, како и европската пресметка со Реал Мадрид.

Отсуството на еден од најважните фудбалери дополнително ќе ги ограничи опциите на Артета во нападот. Во моментов, како здрави крилни играчи на располагање му остануваат Еберечи Езе и Нони Мадуеке, бидејќи и Кристос Цолис е повреден.