„Златната топка“ ќе добие нов сопственик, Кејн изразит фаворит

Денес ќе биде објавен освојувачот на „Златната топка“ за 2026 година на јубилејното 70. издание на церемонијата, која ќе се одржи во Лондон, а во ткра за престижната награда се номинирани 30 фудбалери.
Настанот ќе почне вечерва од 21 часот, а меѓу главните кандидати за освојување на наградата се Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Хари Кејн и Лионел Меси.
Меси е рекордер со осум освоени „Златни топки“, додека Кристијано Роналдо, кој не е меѓу номинираните оваа година, има пет пехари.
Минатата година наградата му припадна на Осман Дембеле, кој повторно е меѓу кандидатите за да го одбрани признанието.
Во женска конкуренција оваа година ќе има нова освојувачка бидејќи Аитана Бонмати, која триумфираше во претходните три изданија, не е номинирана поради повреда.