Фудбалерките до 17 години го совладаа Луксембург

Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0 и ги освои првите бодови на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство.
Во вториот меч од четвртата група во Б лигата што се играше Тбилиси, избраничките на селекторката Катерина Милеска до триумфот дојдоа со погодокот на Глорија Тодорова постигнат уште во втората минута.
Од 33. минута, Македонија имаше фудбалерка помалку откако црвен картон заработи Ања Каранфилоска, но и тоа не беше пречка на крајот заслужено да се освојат трите бода.
Во вториот натпревар од денешната програма Велс, кој е нашиот следен противник ја совлада Грузија со 3:2.
Мечот од последното коло го играме в сабота, а почетокот е закажан за 10:00 часот.