Ѓоковиќ се намачи за прва победа во Париз

Новак Ѓоковиќ со пресврт стигна до победа над Валентин Вашеро и обезбеди пласман во втората рунда на Мастерсот во Париз. Српскиот тенисер по нешто повеќе од два и пол часа игра славеше со 2-1 во сетови, иако не го започна мечот според посакуваното сценарио.

Првиот сет донесе изедначена борба, во која двајцата тенисери успешно ги бранеа своите сервиси, па победникот мораше да биде решен во тај-брејк. Таму Вашеро се покажа посигурен во завршницата и со 7-5 поведе со 1-0 во сетови.

Тенисерот од Монако продолжи во добар ритам и на почетокот од вториот сет, кога веднаш направи брејк и поведе со 2-0. Сепак, Ѓоковиќ не дозволи противникот да ја преземе контролата врз мечот, брзо возврати и го врати резултатскиот баланс.