Вардар и Алкалоид ќе играат за бодови во СЦ „Борис Трајковски“

Од РК Вардар објавиja промена на местото за одигрување на дерби средбата меѓу Вардар и Алкалоид кој се игра во рамките на 10 коло од Суперлигата.
Во новата објава од страна на „црвено-црните“ се вели:
Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, како што беше првично најавено.
Датумот и почетокот на натпреварот остануваат непроменети , 14 ноември 2026 година, сабота, од 18,30 часот.
Првично, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во Скопје, беше предвидено средбата од 10. коло во Суперлигата да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.
Сепак, по дополнителни разговори и организациски усогласувања, во СЦ „Борис Трајковски“ беше пронајден соодветен термин за одигрување на натпреварот.
Вардар им изразува голема благодарност на раководството и на вработените во СЦ „Борис Трајковски“, кои ни излегоа во пресрет и вложија максимални напори да обезбедат термин за ова градско дерби.
Промената на салата овозможува натпреварот да се одигра во соодветен амбиент и пред поголем број навивачи.
Дополнително ќе бидат објавени информации околу продажбата на влезниците за оваа средба.