Фриц без борба во полуфиналето во Стокхолм

Холгер Руне го заврши настапот на турнирот во Стокхолм предвреме, откако поради повреда на задната ложа го предаде четвртфиналниот дуел против Тејлор Фриц.
Данскиот тенисер почувствувал проблем со мускулот за време на претходниот натпревар, а повредата не му дозволи да се појави на теренот против Американецот.
Поради тоа, Фриц без одигран меч обезбеди место меѓу најдобрите четворица.
Станува збор за нова повреда, која не е поврзана со проблемот со Ахиловата тетива поради кој Руне претходно паузираше речиси 11 месеци, додека за Фриц ова е супер исчекор на турнирот вреден 730.000 евра.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Алехандро Табило кој со 2-0 во сетови (7-5, 7-6/2) го надигра Американецот Алекс Михелсен.