Словенецот Миличевиќ пред потпис со Охрид

ГРК Охрид е блиску до ангажман на словенечкиот ракометар Урош Миличевиќ, кој од следната сезона би требало да го засили македонскиот суперлигаш, пренесува словенечкиот портал „Хендболиа“.

Станува збор за еден од најдобрите играчи на Пивоварна Лашко, кој во последните три сезони постигнал 474 погодоци на 116 натпревари. Импресивната статистика го прави Миличевиќ сериозно засилување за амбициите на охриѓани.

Според информациите од Словенија, преговорите се во завршна фаза и постои согласност меѓу двете страни за реализација на трансферот. Официјализацијата на договорот се очекува до крајот на годината.