Фриц го освои тенискиот турнир во Стокхолм

Тејлор Фриц е шампион на турнирот во Стокхолм, откако во финалниот меч го совлада Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте со 2-1, по сетови 6-2, 4-6, 7-6/3.
Американскиот тенисер, кој се наоѓа на десеттото место на АТП листата, до трофејот стигна по исцрпувачки дуел од два часа и 14 минути.
Фриц имаше два брејка, наспроти еден на аргентинскиот противник, кој е 51. тенисер во светот. За Американецот ова е дванаесетти АТП трофеј во професионалната кариера.