Зверев прв полуфиналист на Мастерсот во Торино

Германскиот тенисер Александар Зверев продолжува со одличните настапи на Завршниот мастерс во Торино, откако го совлада Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6-2, 7-6), а со тоа си го обезбеди пласманот во полуфиналето.
Зверев одигра сигурен меч, го освои првиот сет без поголеми проблеми, а во вториот мораше да се помачи во тај-брејкот. Сепак, Германецот остана смирен и ја искористи првата меч-топка со одличен форхенд удар за конечна победа.
Ова беше седми меѓусебен дуел на двајцата тенисери и седма победа за Зверев, кој така ја продолжи својата доминација против Американецот.