Охрид го прегази Тиквеш за шести триумф по ред во Суперлигата

Ракометарите на Охрид триумфираа против Тиквеш во Кавадарци со 39-25 во 11. коло од македонската Суперлига.
Тиквеш даваше отпор само во воведните минути (3-3), по што „гладијаторите“ ја преземаа контролата и на полувреме стигнаа до „плус шест“ (17-11).
Охрид доминираше на теренот во вториот дел од мечот и на крајот оствари триумф од убедливи 39-25.
Најефикасни во победничкиот тим беа Мае и Стрмњан со по седум голови, додека Гавидија запиша седум погодоци за Тиквеш.