Изов го објави списокот за настап во квалификациите за ЕП

Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои се во конкуренција за настап на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Србија.
Предводникот на националниот тим смета на 20 фудбалерки, а на списокот се наоѓаат:
Голманки
- Евгенија Вељановска (Алавес -Шпанија)
- Илина Кировска (ЖФК Истатов 2015)
Одбрана
- Ема Нановска (ЖФК Истатов 2015)
- Канита Емини (ЖФК Истатов 2015)
- Александра Ристевска (ЖФК Пелистер ПРО)
- Арба Мерко (ЖФК АСС Јунајтед)
- Бесарта Фида (ЖФК Скопје 2014)
- Мила Панева (ЖФК Скопје 2014)
- Мелани Цветковиќ (Цирих – Швајцарија)
Среден ред
- Вања Ристиќ (ЖФК Речица)
- Ана Марија Цветковска (WFC Langhus)
- Теона Галабовска (ЖФК Тиверија Брера)
- Ева Величковска (ЖФК Вардар 2023)
- Михаела Марковска (ЖФК Пелистер ПРО)
- Андреа Коловска (ЖФК Истатов 2015)
Напад
- Калина Попески (ЖФК Љуботен)
- Настасја Накова (ЖФК Вардар 2023)
- Меланија Грозданова (ЖФК Вардар 2023)
- Јована Каралиоска (ЖФК Скопје 2014)
- Розита Пецева (ЖФК Тиверија Брера)
Собирот на репрезентативките е закажан за 23 ноември во Скопје и по два тренинга на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски, националниот тим заминува за Стара Пазова ќаде ќе ги одигра трите натпревари.
Првиот меч го играме на 26 ноември против селекцијата на Црна Гора, а почетокот е закажан за 14 часот.
Три дена подоцна од 11 часот се среќаваме со Азербејџан додека на втори декември од 13 часот почнува соочувањето со Србија.