Дејан Мијатовиќ е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Српскиот стратег Дејан Мијатовиќ е новиот шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром.
Управата на актуелниот македонски шампион денеска го официјализираше договорот со искусниот 58-годишен стручњак кој во Скопје пристигнува заедно со својот помошник Иван Дробњак.
Новиот тренерски тандем седнува на клупата на „сино-белите“ како наследник на Васко Атанасов, со кого соработката беше прекината пред три недели.
Мијатовиќ доаѓа во деликатен момент за аеродромци. МЗТ запиша осум порази на последните десет натпревари во Супер лигата, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот. Негова главна задача ќе биде брзо да ја стабилизира екипата и да го врати тимот на победничкиот колосек.
Мијатовиќ зад себе има богата кариера. Последниот ангажман го имаше во Борац Чачак од 2022 до 2024 година.
Дебито на клупата на МЗТ Скопје Аеродром се очекува
Дебито на клупата на МЗТ Скопје Аеродром се очекува да го има веќе овој викенд, на домашниот дуел против Штип.