Фаворитите Магдебург и Киелце сигурни во ЛШ

Киелце ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето кај Динамо Букурешт со 32-25 (17-11), во второто коло од главната фаза на ЛШ.
До втора победа во главната фаза стигна и Магдебург, кој на домашен терен го совлада Спортинг со 35-30.
Германците одиграа сигурен натпревар, а Лагергрен со 11 гола беше прв стрелец кај победникот. Кај португалскиот состав најефикасен беше Франциско Кошта со 12 погодоци.