Познати се сите возачи во Формула 1 за наредната сезона

Формула 1 ги потврди имињата на сите 22 возачи кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2027, откако Хас го објави продолжувањето на договорот со британскиот возач Оли Берман, со што беше пополнето и последното слободно место.Формула 1 во 2027 година ќе има 11 тимови и вкупно 22 возачи. Поголемиот дел од екипите ги задржаа своите досегашни комбинации, додека Хас е единствениот тим кој направи промени во возачкиот состав.
Возачките состави за сезоната 2027:
– Мерцедес: Кими Антонели и Џорџ Расел
– Ферари: Луис Хамилтон и Шарл Леклер
– Ред Бул: Макс Верстапен и Исак Хаџар
– Мекларен: Ландо Норис и Оскар Пјастри
– Рејсинг Булс: Лиам Лосон и Арвид Линдблад
– Алпин: Пјер Гасли и Франко Колапинто
– Хас: Оли Берман и Рафаел Камара
– Ауди: Нико Хулкенберг и Габриел Бортолето
– Вилијамс: Карлос Саинц и Алекс Албон
– Астон Мартин: Фернандо Алонсо и Ленс Строл
– Кадилак: Серхио Перез и Валтери Ботас