Нојер ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната

Мануел Нојер, легендарниот голман на Баерн и германската репрезентација, потврди дека ќе ја заврши својата играчка кариера на крајот од сезоната.
Нојер, кој ќе наполни 41 година во март, објави дека ќе се пензионира кога ќе му истече договорот во јуни следната година.
Тој се справуваше со повреди во последните месеци и се очекува да се врати на теренот во декември, иако не е сигурно дали повторно ќе го заземе местото на прв избор на голман.
Јонас Урбиг веќе се појавува како негов наследник, а самиот Ноер потврди дека желбата за транзиција во тимот влијаела врз неговата одлука.
„Претпоставувам дека нема да играм повторно по ова лето. Сега се обидувам да уживам во времето што ми преостанува. Исто така, размислувам за благосостојбата на клубот, за градење темели за иднината заедно со Јонас, така што Баерн ќе има врвен голман барем во следните десет години. Јонас е на одличен пат.
Тој дава врвни перформанси за нашиот тим, што ме прави многу среќен. Секојдневно доаѓаме на тренинг со задоволство и секогаш се обидуваме да се мотивираме уште повеќе“, рече Ноер