Глупост на Коло Муани, Комо лесно го совлада Јуве

Дербито меѓу Комо и Јувентус беше расипано уште во петтата минута кога Коло Муани доби директен црвен картон, домаќините подоцна релативно лесно дојдоа до триумф од 3-0.
Коло Муани падна на провокација и му удри бокс на противнички фудбалер поради што доби црвен картон, Јувентус безмалку цел меч го играше со фудбалер помалку.
Предноста од фудбалер повеќе Комо почна да ја користи дури пред самиот крај на првиот дел кога Нико Паз постигна гол за водство од 1-0.
Во 63. минута Довикас постигна гол за 2-0, овој гол комплетно го откажа Јуве.
Гркот на десет минути пред крајот даде уште еден гол, овој беше посебно убав. Беа поставени конечните 3-0.