60 милионското промашување на Реал се враќа во поранешниот клуб
Српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ би требало овој месец да замине на позајмица во германски Ајнтрахт Франкфурт, јавуваат медиумите. Колку проблеми има Јовиќ во Мадрид, сведочи и фактот што го загуби статусот и на прва замена на Бензема. Шпанска Марка пишуваше за тоа по поразот од Валенсија, кога Зидан се одлучи за Мариано Диаз пред српскиот интернационалец. „Во неделата Мариано ги запиша првите минути во првенството. За 14. минути поминати на теренот, Диаз покажа желба да направи разлика, изгледаше многу поживо од Јовиќ.“ – напиша тогаш Марка. Јовиќ пристигна во Реал во 2019. година во трансфер вреден 60 милиони евра токму од Ајнтрахт Франкфурт каде играше во животна форма, но 23-годишниот напаѓач не успеа да се снајде во Шпанија.