Олимпик Марсеј го договори Аркадиуш Милик

Аркадиуш Милик ова лето иако беше на излезна врата сепак остана во Наполи,но во јануари сигурно ќе го напушти клубот.
Полскиот напаѓач влезе во последната година од договорот и не е дел од тимот на Гатузо, па Наполи сака да го продаде во јануари за да заработи на неговото заминување.
И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона.
Заинтересираните клубови како Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид се откажаа бидејќи Наполи бара 15 милиони евра за неговата слобода, што е многу за играч кој на лето ќе биде слободен агент.