Португалецот Нуно најсериозен кандидат за менаџер на Кристал Палас

Нуно Еспирито Санто е фаворит за новиот менаџер на Кристал Палас. 47-годишниот Португалец веќе неколку дена преговара со лондончани.

Откако го напушти Вулверхемптон по четири години поминати во клубот, тренерот сака брзо да започне нова работа. Тој исто така е поврзан со тренерската позиција во Тотенхем. Раководството на Кристал Палас размислува за иднината на клубот и опциите за нов менаџер.

Друг кандидат за оваа функција е менаџерот на Свонси, Стив Купер. Меѓу споменатите имиња се и Френк Лампард и Патрик Виеира.