Мурињо сака да го позајми Тринкао од Барселона

Барселона минатото лето плати 30 милиони евра за напаѓачот на Брага, Тринкао.

21-годишниот Португалец не доби шанса да го покаже својот квалитет бидејќи добиваше мала минутажа на „Камп Ноу“.

Тринкао оваа сезона постигна само 3 гола и запиша 2 асистенции, а Барселона е спремна да го продаде на лето.

Италијанските гиганти Милан и Рома ќе се обидат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат во своите редови на лето.

Рома е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи менаџер на Тринкао е Жорж Мендеш, кој е менаџер и на Мурињо исто така.