Куман останува тренер на Барселона!

Сите дилеми се решени, Барселона нема да бара нов тренер ова лето!

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта официјално потврди дека Роналд Куман ќе остане шеф на стручниот штаб и за следната сезона. Холанѓанецот има договор на уште една година, но постоеше дилема дали тој ќе остане, бидејќи клубот не беше воодушевен само од освојувањето на Купот на Шпанија.

Во еден момент, шпанските медиуми напишаа дека Лапорта му рекол на Куман дека ќе остане само ако не најде нов тренер за 15 дена, но веста дека Холанѓанецот ќе остане на клупата се појави многу пред тој рок.

Лапорта ја потврди информацијата преку весниците на Барселона.

„После одреден период на анализа, решивме да ја продолжиме соработката со Куман, кој сè уште има важечки договор. Ние сме многу задоволни од разговорите што ги водевме. Тие беа искрени, а однесувањето на тренерот беше беспрекорно.“ – вели Лапорта.