Неверојатен пропуст на ВАР на Копа Либертадорес (видео)

Флуминенсе во натпревар од осминафиналето од Копа Либертадорес го победи парагвајски Церо Портено во гости со 2:0 и стекна голема предност воочи реваншот.

Бразилците головите за победа ги постигнаа во 49. и 61. минута, но прашање е како натпреварот ќе завршеше доколку не беше ретко видениот пропуст на судиите. Домаќините постигнаа погодок преку Босели, но по прегледувањето на снимката беше поништен поради, се покажа, непостоечки офсајд.

Судиите во ВАР собата повлекоа линија на запрената снимка и заклучија дека Босели беше во офсајд, но не го забележаа играчот на Флуминенсе на дното од екранот, кој беше еден метар зад грбот на својата одбрана, па така го спаси Босели од офсајд.

Најпрво, судиите проверуваа дали играчот на Флуминенсе играше со рака, а потоа офсајд. ВАР судијата бара од техничарот да ја зголеми запрената снимка и на неа се влечат линии, иако во тој момент е занемарена позицијата во која се наоѓа играчот на Флуминенсе.

Судиите прегледуваа таква зголемена слика и потоа довикуваат дека офсајдот е потврден. Пред крајот на снимката може да се види како ВАР судијата пред себе ја има снимката во крупен план на која јасно се гледа дека линијата не е поставена во висина на последниот играч, но од непознати причини се одлучи да ја игнорира.