Донарума конечно има нов клуб!
Најдобриот играч на последното Европско првенство во фудбал, Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума и официјално стана нов член на францускиот великан Париз Сен Жермен, објави клубот на својата веб-страница.
Поранешниот голман на Милан пристигна во Париз без обесштетување, со потпишување на договор до 30 јуни 2026. година.
„Среќен сум што сум дел од овој голем клуб. Се чувствувам подготвен за нов предизвик и дека ќе продолжам да напредувам тука. Сакам да постигнам што е можно повеќе победи и да им донесам радост на навивачите”, рече 22- годишниот Италијанец.
Донарума е роден во Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол, но на 14-годишна возраст се преселил во Милано. Тој дебитираше за првиот тим на „росонерите“ на 30 јули 2015 година на пријателскиот натпревар против Реал Мадрид и одигра вкупно 251 натпревар.