Вест Хем и Евертон со интерес за Иван Перишиќ
Напаѓачот на Интер, Иван Перишиќ, може да ја продолжи својата кариера во Англија, пренесуваат дел од медиумите во Италија.
Според информациите кои се објавени, како најзаинтересирани екипи за доведување во своите редови на хрватскиот репрезентативец се издвојуваат премиерлигашите Евертон и Вест Хем.
За 32-годишниот Перишиќ, постои голем интерес и од екипи кои се натпреваруваат во германската Бундес лига.
Перишиќ оваа сезона во дресот на Интер има одиграно 11 натпревари во кои постигна 2 гола. Вредноста на играчот се проценува на 10 милиони евра.