Салихамиџиќ: Во ниту еден момент не бевме присутни на теренот
Хасан Салихамиџиќ го коментираше катастрофалниот пораз на тимот од Минхен во натпреварот од Купот на Германија со Борусија Менхенгладбах (0-5).
„Едноставно не бевме на теренот, во ниту еден сегмент од играта. Не добивме ниту еден дуел во првото полувреме и не успеавме да се вратиме во игра. Необјасниво е. Знаеме колку е тешко да се игра во Гладбах. Но, на овој натпревар сè што можеше да тргне наопаку, тргна наопаку. Борусија одигра многу добро, несебично се вклучи во дуел еден на еден од самиот почеток на натпреварот и правилно се прилагоди на играта“, изјави Салихамиџиќ за официјалниот сајт на Баерн Минхен.
Ова секако е еден од најтешките порази на екипата од Минхен во последните години, а тоа се случи во натпревар од Купот на Германија.