Линделоф спремен за дербито со Сити
Конечно добри вести за тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Дефанзивецот Виктор Линделоф се опорави од повредата и е подготвен за настап на дерби натпреварот против Манчестер Сити.
Линделоф го пропушти дуелот со Аталанта во Лигата на шампионите поради повреда која ја заработи на тренинг, но сега е целосно опоравен и подготвен за игра, стои во соопштението од медицинскиот тим на Манчестер Јунајтед.
Враќањето на Швеѓанецот во тимот е одлична вест за Солскјер во моментот кога Рафаел Варан заработи повреда и ќе отсуствува повеќе од еден месец. Тој сега има тројца подготвени дефанзивци за дерби дуелот со градскиот ривал и би можел да го започне мечот со Линделоф,Баи и Мегваер.