Гасперини: Не се гледам во Премиер лигата, добро ми е во Италија
Аталанта победи на гостувањето кај Калјари со 1-2 и повторно е во топ четири во Серија А, достигнување кое според Џанпјеро Гасперини и натаму е приоритет број еден за неговиот тим.
„Живеам навистина добро во Италија, многу ми се допаѓа Бергамо и задоволен сум од тоа што го имам. Бергамо постојано е зад мене. Вистина е дека понекогаш размислувам за работа на страна, ќе бидам побогат во Премиер лигата, но многу помалку среќен. Натпреварите во Премиер лигата се фантастично, но од понеделник до сабота времето е предолго, има премалку подготовка за следниот првенствен меч и не се гледам таму“, вели Гасперини.