Гранит Џака им се враќа на тренинзите околу Нова година
Според последните информации од Арсенал, капитенот на екипата Гранит Џака се очекува да ги обнови тренизните околу Нова година. Тој е надвор од екипата поради повредата на коленото која ја заработи кон крајот на септември во дерби натпреварот со Тотенхем.
„Џака добро се опоравува и е во првата фаза од лекувањето на повредата на коленото. Во моментов целта е да тој да започне со нормални тренинзи околу Нова година и да биде подготвен за враќање на терените на стартот од 2022 година.“, соопштуваат од медицинскиот тим на Арсенал.
29-годишниот Швајцарец за екипата на Арсенал настапува од 2016 година и досега има одиграно 225 натпревари на кој постигна 13 гола.