Лука Јовиќ сака да го напушти Реал Мадрид во јануари

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е незадоволен од својот статус на резерва во тимот, и е решен да го напушти „кралскиот клуб“ уште во јануари. Желба на српскиот фудбалер е да замине во клуб каде ќе биде стандарден играч и каде ќе ја врати старата форма.

Лука Јовиќ во белиот дрес на Реал оваа сезона настапи на 7 натпревари и одигра мизерни 95 минути. Очигледно е дека тренерот Анчелоти нема доверба во напаѓачот и дека напуштањето на клубот изгледа како најдобра опција.

За српскиот интернационалец се заинтересирани повеќе клубови од Европа, како Арсенал, Ливерпул, Милан а се споменува и Јувентус.