Милевски: Италија е фаворит, но и Македонија не е без шанси
Репрезентацијата на Македонија при ждрепката за полуфиналниот бараж го извлече можеби најсилниот можен противник, актуелниот европски првак, Италија.
Селекторот Милевски веднаш по дознавањето на противникот признава дека Италија е апсолутен фаворит но и дека нашата репрезентација има квалитет со кој може да му се спротивстави на било кој тим.
„Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме“.
Бараж натпреварот против Италија е закажан за 24. март во 20:45 часот на гостински терен.