Антонио Конте планира ремонт во Тотенхем

Новиот тренер на премиерлигашот Тотенхем, Антонио Конте, после срамниот пораз од словенскиот тим Мура, во рамките на Лигата на Конференции, изјави дека ја видел правата ситуација на тимот.

„После оваа средба вистински ја увидов состојбата на мојот тим. Ние сме далеку од нивото на најдобрите екипи“, порача Конте.

Медиумите во Англија пренесуваат информации дека Тотенхем ќе мора во зимскиот период да се засили со неколку нови фудбалери, но во исто време италијанскиот тренер планира да му се заблагодари на неколку играчи кои би заминале од клубот. 

Некои од имињата кои се споменуваат како сигурни за напуштање на Тотенхем се Деле Али, Дохерти, Санчез и Хари Винкс.