Ди Марија: Сите во клубот сакаме Мбапе да остане
Анхел Ди Марија вели дека Килијан Мбапе треба сам да одлучи дали ќе го напушти клубот иако неговите соиграчи сакаат тој да остане на „Паркот на принцовите“.
„Тоа е лична одлука. Килијан знае како сака да му се развива кариера. Подарок за мене е можноста да играм со него. Сите знаеме дека секоја добра топка што ќе му ја дадеме тој ќе ја искористи предноста и ќе даде гол“, изјави Аргентинецот.
Весникот „Марка“ објави дека Килијан Мбапе донел одлука во наредното лето како слободен играч да премине во Реал Мадрид.