Ветеранот Макси Родригез замина во пензија на 41 година
Макси Родригез кој имаше блескава кариера во редовите на Њу Олд Бојс, Пењарол, Ливерпул, Атлетико Мадрид и Еспањол, одлучи да се повлече од фудбалските терени.
„Дојде моментот за кој мислев дека никогаш нема да дојде. Тоа беше многу тешка одлука, но, од друга страна ја донесов сосема мирно. Зад мене има долга и успешна кариера“, вели 41-годишниот напаѓач.
Родригез има одиграно 57 средби за Аргентина и постигнато 16-ет голови.