Палмеирас последен учесник на Мундијалот за клубови
Палмеирас викендов го освои Копа Либертадорес, со што стана последниот учесник на претстојното клупско светско првенство.
Претходно, Челзи (Англија), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Ал-Али (Египет), Монтереј (Мексико), Оукленд Сити (Нов Зеланд) и Ал-Џазира (Катар) беа екипите кои имаа обезбедено настап во ова натпреварување.
Ждрепката за натпреварите ќе се одржи следниот понеделник на 29 ноември. Вреди да се напомене дека Челзи и Палмеирас турнирот ќе го започнат од полуфиналната фаза. Претстојното светско клупско првенство ќе се одржи во ОАЕ во јануари 2022 година.