Хаос во Солун,навивачите на ПАОК го прекинаа градското дерби со Арис
Дерби натпреварот помеѓу двете екипи од Солун, ПАОК и Арис, не го дочека својот крај бидејќи беше прекинат од страна на домашните навивачи.
Навивачите на ПАОК кои се познати по својата жестина во бодрењето на својот клуб, направија прекин на натпреварот после водството од 0:1 на Арис. Бесни од развојот на средбата и водството на гостите, тие почнаа со фрлање на пиротехнички средства на теренот по што судијата го прекина мечот.
Следуваше интервенција и од полицијата која беше присутна на стадионот „Тумба“ во Солун но не успеа да се справи со лутите симпатизери на домаќините и средбата мораше да заврши.
Екипата на ПАОК е на третото место од првенствената табела во Грчката Супер лига со освоени 19 бода, 10 помалку од лидерот Олимпијакос.