Американците најавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг
САД соопштија синоќа дека нема да испратат владини претставници на Зимските олимписки игри (ЗОИ), закажани во периодот од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг, по што Кина вети „контрамерки“ на таквиот дипломатски бојкот.
„САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг
Претседателот Џо Бајден минатиот месец изјави оти размислува за таков дипломатски бојкот како израз на критика за состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи го и тоа што официјален Вашингтон го нарекува „геноцид врз муслиманското малцинство во западната кинеска провинција Ксинџијанг“.
Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатски или официјални претставници на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи го предвид геноцидот што се врши во Народна Република Кина и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, како и другите случаи на кршење на човековите права, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Пекси.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи претходно денеска на брифинг во Пекинг повика поттикнувачите да не заговараат дипломатски бојкот на ЗОИ „со цел да не влијаат негативно врз дијалогот и соработката меѓу Кина и САД во важните подрачја“.
Инаку, САД треба да бидат домаќини на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес.