Далиќ ќе ја води Хрватска до 2024 година

)

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го продолжи договорот со националниот тим до 2024 година, соопшти прес-службата на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Далиќ е на чело на хрватската репрезентација од октомври 2017 година, под негово водство репрезентацијата освои сребрени медали на Светското првенство во Русија 2018 година. Исто така, селекцијата на Хрватска обезбеди учество на Светското првенство – 2022 година во Катар. Во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациската група, избраниците на Далиќ ја совладаа репрезентацијата на Русија.

Претходно беше објавено дека поранешниот напаѓач на хрватската репрезентација Марио Манџукиќ ја започнал својата тренерска кариера и дека 35-годишниот поранешен фудбалер е назначен за помошник на селекторот Златко Далиќ.