Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен 2022!

До стартот на Австралија Опен остана уште неколку недели, а главната дилема беше дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи и ќе се бори за 10. титула на првиот Грен Слем во сезоната.

Организаторот на турнирот го објави списокот на тенисери и на него беше името на Ѓоковиќ. Дилемата се појави поради ковид-протоколите во државата Викторија во Мелбурн.

„Сите кои ќе дојдат во Австралија ќе мора да ги почитуваат правилата, да прикажат доказ за вакцини или медицинска потврда која ја имаат одобрено медицинските лица во земјата. За оние кои ќе дојдат од странство задолжителен ќе биде карантин од 14 дена“, стои во соопштението од организаторот.