Жуниор Фирпо: Куман е лажго, ми кажуваше нелогични работи

Одбранбениот фудбалер на Лидс Жуноир Фирпо изминатото лето од Барселона се пресели на Островот, а судејќи според неговите зборови клучна улога во таа негова одлука одиграл Роналд Куман.

25-годишниот играч од Домениканската Република во разговор за „Кадена Сер“ зборуваше за соработката со холандскиот тренер.

„Го барав Куман да ми ја објасни ситуацијата, но кога тренерот ќе почне да ве лаже сфаќате дека не се пожелен. Како да бараш од некого да ти објасни нешто кога ве лаже цело време? Куман ме лажеше зборувајќи работи кои немаат врска. Ми кажуваше дека слабо тренирам, дека лошо влијаам на екипата…такви работи“, изјави Фирпо.