Елмас: Играм на секоја позиција која тренерот ја бара од мене

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра можеби најдобриот свој натпревар во дресот на Наполи. Тој беше стрелец на 2 гола во победата над англискиот Лестер со резултат 3:2 со што го однесе својот клуб во нокаут фазата на Лига Европа.

После натпреварот Елмас даде свое видување за текот на натпреварот и неговата игра.

„ Среќен сум што постигнав два гола и му помогнав на тимот да оди понатаму. Очекувам во иднина да бидеме уште подобри. Покажавме дека имаме победнички дух и завршивме одлична работа“, изјави Елмас.

Запрашан која му е омилена позиција во тимот, Елиф вели:

„ На тоа прашање е тешко да се одговори. Се трудам да го прикажам најдоброто на било која позиција која ќе ми ја даде тренерот Спалети. Некогаш и самиот незнам кое е моето место во тимот“.