Борусија Дортмунд пронајде замена за Халанд

Тимот на Борусија Дортмунд е многу блиску до доведување на напаѓачот од австриски Салцбур,Карим Адејеми. 

Според угледниот весник „Билд“, челниците на Борусија Дортмунд успеале да го убедат Адејеми дека пристигнувањето во клубот ќе претставува одличен чекор во неговата идна кариера. Неговото доведување во редовите на „жолто-црните“ би можело да се поврзе со евентуалната продажба на Ерлинг Халанд ова лето.

Борусија Дортмунд за реализација на овој трансфер би требало да одвои 35 до 40 милиони евра и се очекува договорот да биде со важност од 5 години.