Артета ќе испрати понуда за Ричарлисон

Микел Артета сака да го привлече во клубот напаѓачот на Евертон, Ричарлисон.

Шпанскиот тренер е импресиониран од квалитетите на Бразилецот, кој беше еден од најдобрите на теренот на мечот меѓу Евертон и Арсенал (2-1), постигнувајќи еден од головите за Евертон, но постигна уште два кои беа поништени. На „Емирати“ итно бараат квалитетен напаѓач за да ја зголеми конкуренцијата во нападот. Ѕвездата и капитен на тимот Пјер-Емерик Обамејанг не е во вообичаената форма од почетокот на сезоната.

Неговиот колега во нападот Александре Лаказет е пред завршување на договорот и голема е веројатноста да биде продаден во јануари. Затоа Артета сака клубот да се засили со квалитетен напаѓач, а Ричарлисон секако спаѓа во оваа категорија. Сепак, привлекувањето на бразилскиот репрезентативец на „Емирати“ нема да биде лесна задача. Сигурно ќе бараат од Евертон сериозна сума за една од најголемите ѕвезди во тимот. Во моментов неговата пазарна цена е 55 милиони евра.