Клоп: Џерард еден ден ќе биде менаџер на Ливерпул
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали Стивен Џерард, кој се враќа на „Енфилд“ како тренер на Астон Вила. Германецот рече дека поранешниот капитен на „црвените“ ќе добие најдобар можен пречек, но, не треба да се надева на успех.
„Откако сум тука, никогаш не сум слушнал негативен збор за Стивен Џерард. Ќе се ракуваме пред мечот, по мечот – исто така. Дозволено му е да слави иако се надевам дека нема да има причина за тоа. Стартот за него во Астон Вила беше успешен. Дали еден ден ќе стане менаџер на Ливерпул? Да! Апсолутно! кога ќе дојде време за тоа“, изјави Клоп.