Двајца фудбалери на Сасуоло на радарот на Интер

Интер започна преговори за двајца играчи на Сасуоло – напаѓачот, Џанлука Скамака и Давиде Фратези кој дејствува во средината на теренот.

Според наведеното, двајцата во јануарскиот преоден рок се главните трансфер цели на италијанскиот шампион. „Нероаѕурите“ поради финансиски потешкотии сакаат првo да ги ангажираат на позајмица а потоа да им ги откупат правата.

Скамака за италијанската репрезентација има 16 натпревари и 5 голови. Неговата цена е 40 милиони евра. Фратези нема одредена цена. Тој во сезонава во сите конкуренции одигра 17 натпревари и постигна 3 гола.