Златан Ибрахимовиќ на чекор до уште еден рекорд
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е многу блиску да стане само третиот играч кој постигнал најмалку 300 гола настапувајќи за тимови од 5-те најдобри фудбалски лиги во Европа.
Вакво достигнување засега имаат остварено само Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Роналдо има постигнато 482 гола, 311 за Реал Мадрид, 81 за Јувентус и 90 за Манчестер Јунајтед. Меси скоро сите свои голови ги постигнал во дресот на Барселона 474 и еден за Париз Сен Жермен.
Ибрахимовиќ во моментот има 299 голови и ќе има можност да им се приклучи на Роналдо и Меси веќе на натпреварот кој Милан го игра со Удинезе.
Златан има постигнато 23 гола играјќи за Јувентус, 57 за Интер, 16 за Барселона, 113 за ПСЖ, 17 за Манчестер Јунајтед и 73 за Милан.