Артета го отстрани Обамејанг од тимот на Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, неочекувано го отстрани од тимот капитенот на екипата, Пјер-Емерик Обамејанг.

Како наводна причина за тоа, Артета ја наведува несериозноста и недисциплината од страна на Обамејанг во изминативе денови.

„Некои правила во клубот се многу јасни и за нив не треба да има дискусија. Затоа одлучив тој да биде надвор од тимот“, изјави Артета.

Репрезентативецот на Габон, последниве неколку кола игра во очајна форма и има постигнато само еден гол и промашени безброј шанси. Неговото место во тимот го зазеде Французинот Лаказет кој играше на натпреварот со Саутемптон и постигна гол во победата од 3:0.