Ливерпул спремен да ја плати откупната клаузула за Гави од Барселона

Менаџментот на Ливерпул е заинтересиран за екстра талентот на Барселона, Пабло Гави. 

Клубот од „Енфилд“ е спремен да ја активира откупната клаузула која стои во неговиот договор, а изнесува 50 милиони евра. 17-годишниот Гави веќе има одиграно 20 натпревари во дресот на Барса и на него се гледа како иднина на тимот од „Камп Ноу“.

Ливерпул сеуште е во потрага на играч од средината на теренот кој би го заменил Џини Вајналдум кој го напушти клубот минатото лето. Барселона од друга страна нема така лесно да се откаже од својот играч, меѓутоа клаузулата во неговиот договор може да направи проблеми поради спремноста на други клубови да ја платат бараната сума.