Рангник нема намера да го „моли“ Погба да остане во Манчестер Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека нема намера да го убедува Пол Погба да потпише нов договор и да остане во клубот доколку тој самиот не одлучи така.  

Рангник е на мислење дека секој фудбалер треба да сака да настапува за клуб каков што е Манчестер Јунајтед и дека за тоа не треба посебно убедување.

„Моите фудбалери треба да сакаат да играат и да останат во клубот, особено во ваков голем клуб како Манчестер Јунајтед. Ако некој играч не сака да игра за својот клуб, немојте да мислите дека имам намера и смисла да го убедувам да остане “, вели Рангник.

Договорот на Погба со клубот од „Олд Трафорд“ истекува на крајот од сезоната,  но тој уште не дава дефинитивен одговор дали има намера да го продолжи истиот.